(ВИДЕО) Мијалков се предаде во ОЈО, вели дека бил болен со температура над 40 степени и симптоми на Ковид-19, немал намера да бега

Екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков се предаде во Обвинителството. Пред да влезе во обвинителството, тој даде изјава за ТВ24 пред просториите на обвинителството.

Рече дека вчера бил изолиран, бил болен со температура над 40 степени, со симптоми на Ковид-19 и немал намера да бега, а кога дознал што се случува дошол пред ОЈО.

Тој се извини на целата јавност и кажа дека е тука да го земе решението за домашен притвор.

„Одам да го видам решението. Оној што ме познава знае дека кога ќе дадам збор нема да го погазам.“ – рече Мијалков за нашата телевизија.

Back to top button
Close