(Видео) Митко Јанчев на седница го прашува берберот на телефон зошто го шиша како да е од Северна Кореја
На вчерашната седница на Советот на општина Кавадарци, Вуко Мелов, координатор на советничката група на СДСМ и претседател на општинската организација на партијата, на говорницата го критикува владеачкото мнозинство во општината не прифатило ниту еден амандман од неговата политичка партија и оцени дека таквото однесување заличува на Северна Кореја.
„… како оној од Северна Кореја, а и така се потстрижуваш. Политички да не прифанете четири години овде ниту еден амандман којшто е поднесен во интерес на граѓаните на општина Кавадарци е рамно на она што се случува во Северна Кореја“, вели Вуко Мелов.
Седницата за кратко ја прекинува градоначалникот на Општина Кавадарц Митко Јанчев кој му се јавува на неговиот бербер.
„Мојта фризура ти заличуе ли ѓоа на тие од Северна Кореја? Ти ме стрижиш“, прашува Јанчев.
„Каква…?“, прашува од другата страна телефонот тој што го стрижи.
„Ѓоа оние од Северна Кореја? Така ми вика еден тука“, го продолжува раговорот Јанчев.
„Кој е тај човек“, сака да знае берберот.
„Еден советник“, му одговара Јанчев.
Тука не се слуша најдобро, ама ситуацијата ја спасува претседавачот со седницата кој вели: „Се заебава бе“.
„Се заебава…“, вели Јанчев и го поздравува сосговорникот: „Добро фала“.
Општа смеа во салата и седницата продолжува.
Амандманите на општинската опозиција не поминаа, ама важно на градоначалникот му е забавно. (RACIN.MK)