СП 2026: Аргентина со пресврт против Англија избори финале

Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија.
Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија Џордан Пикфорд имаше три исклучително важни одбрани.
Сепак завршницата мина во знакот на Аргентина, откако селекторот на Англија Томас Тухел направи измени и се реши да го брани водството. Во 85.минута светскиот првак изедначи со прекрасниот гол на Енцо Фернандез, во втората минута од судиското надополнување резервистот Латуро Мартинез ги постави конечните 2:1.
На тој начин Аргентина избори ново финале и добива шанса да ја одбрани шампионската титула.
Финалето Шпанија – Аргентина се игра на 19.јули (недела), а на 18.јули во сабота е дуелот за третото место меѓу Франција и Англија во Мајами.






