(ВИДЕО) Најмалку 79 загинати откако се урнал покривот на ноќен клуб во Доминиканска Република

Најмалку 79 луѓе загинале откако се урнал покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, објави Си-Ен-Ен. Над 160 се повредени, а се уште трае потрага и извлекување на затрупани гости во клубот.

Спасувачите се обидуваат да стигнат до нив и да ги спасат. Извлечени се над 100 луѓе од под урнатините

Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало и политичари и спортисти.

Меѓу загинатите е и Нелси Круз, гувернерка на провинцијата Монти Кристи во Доминиканската Република.

Круз се јавила на доминиканскиот претседател Луис Абинадер по уривањето на покривот, го информирала за несреќата и му рекла дека и таа заедно со десетици луѓе е затрупана, соопшти првата дама на Доминиканска република. Круз подоцна била извлечена, но починала во болница, соопштија властите.

Покривот се урнал за време на концерт и засега нема сознанија за причините за трагедијата.

 

Back to top button
Close