(ВИДЕО) Најмалку четворица загинати и над 19 исчезнати во пожарот кој зафати станбен блок во Валенсија

Најмалку четири лица загинале во пожар кој зафатил станбен блок од повеќекатници во шпанскиот град Валенсија, пренесува „Гардијан“.

Повредени се 14 лица, меѓу кои шест пожарникари и едно мало дете. Се уште се трага по 19 лица кои моментално се водат како исчезнати.

Еден од станарите изјавил дека пожарот избувнал на четвртиот кат од една од зградите и се проширил за 10 минути.

 

Пожарот избил вчера вчера попладне во 14-катница во населбата Кампанар и брзо се проширил на соседната зграда.

 

Пожарникарите ги извлекувале луѓето од балконите, но силниот ветер го разгорел огнот и им го отежнал гањето на пожарникарите.

„Може да се потврди дека четири лица загинаа“изјавил Хорхе Суарез Торес, заменик директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија.

Во зградата има 138 станови, во кои живееле околу 450 луѓе.

Локалните медиуми објавиле дека пожарникарите спасиле неколку жители користејќи кранови, меѓу кои и брачен пар кој живеел на седмиот кат.

„Противпожарните служби го гаснат пожарот и моментално работат исклучиво на ладење на надворешните делови на зградата. Со оглед на карактеристиките на зградата, пожарникарите не можеле да влезат внатре и пожарот можеа да го гасат само однадвор“,изјави Суарез, пренесува Си-ен-ен.

Властите поставиле теренска болница во областа и најавија дека жителите кои морале да ги напуштат своите домови ќе бидат сместени во хотели.

Градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала, изјавила дека Градскиот совет ќе прогласи тридневна жалост.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјавил дека ја изразува неговата солидарност со оние кои се погодени од пожарот.

„Ужасен сум од страшниот пожар во зградата во Валенсија. Ја изразувам мојата солидарност со сите луѓе погодени од пожарот. Му одавам признание на персоналот за итна помош кој веќе е распореден на местото на настанот“,напиша тој на социјалната мрежа Икс.

 

Back to top button
Close