(ВИДЕО) Вознемирувачка содржина: Напад со нож во израелски трговски центар – eден момче загина, а друго е тешко рането

Две млади момчиња се ранети во напад со нож во Кармиел, во северниот дел на Израел, а еден од нив подоцна починал, соопшти тамошната полиција

Во претходното полициско соопштение беше наведено дека се сомнева дека станува збор за терористички напад и се сугерираше дека е поврзан со израелско-палестинскиот конфликт, пренесоа агенциите.

 

– Advertisements –

 

 

Потврдено е дека напаѓачот е убиен, но неговиот идентитет не е соопштен.

 

Израелската брза помош соопшти дека во болницата во Нахарија превезла двајца 20-годишни мажи, од кои едниот е тешко повреден, а другиот тешко ранет.

Снимките објавени на израелската телевизија покажуваат дека нападот се случил во трговски центар.

Израелските медиуми ја пренесоа изјавата на началникот на полицијата на северот на Израел дека напаѓачот бил неутрализиран од еден од нападнатите млади момчиња.

Back to top button
Close