(ВИДЕО) Не сакам да поверувам дека некој се дрзнал да влезе во МВР и да пребарува по документите на граѓаните, вели Бојмацалиев

Во текот на вчерашниот ден излезе фотографија на која се гледа како командир на Противпожарната единица на Велес наводно пребарува во документи во СВР Велес, рече денеска од Струмица дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, одговарајќи на прашање како го коментира конкретниот случај, кој изминатите денови е актуелен на социјалните мрежи.

 

„За ова е известена Внатрешна контрола, СВР Велес и јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографиите и на ликовите кои се на нив. Се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста. Не би сакал да поверувам дека некој се дрзнал од друга институција да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните, кои треба да се строго заштитени“рече тој.

Според дополнителниот заменик-министер, доколку се утврди веродостојноста на фотографиите, најави дека ќе има највисоки казни за сторителите.

 

Back to top button
Close