(Видео) Незапамтено невреме проследено со град ја погоди Струмица вечерва

Вечерва околу 20 часот Струмица ја зафати силно краткотрајно невреме проследено со обилен дожд, град и мраз и силни електрични празнења.

Според информациите од ТППЕ Струмица, чии екипи се излезени на терен, досега интервенирале на десетина локации од каде остранувале наноси од град и мраз и празнеле вода од дворови и подруми.

-На улицата „Браќа Минкови“ имаше 30 сантиметри мраз и град, на улицата „Вардарска“ имаше вода, но веќе е повлечена. Имама пријава и за едно запалено електрично броило. Имаме екипи со две возила на терен кои интервенираат по повик на граѓаните. Засега нема пријавени други штети, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Алксандар Гудев.

И екипи на струмичкото комунално претпријатие се излезени на терен и според информациите оттаму надојдената вода се повлекува, откако по првиот бран атмосферската канализација не можела да ја прифати.

 

 

 

Back to top button
Close