ВИДЕО: Oгромни одрони и поплави на Плетвар, сообраќајот во прекин

Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај местото .„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, соопшти АМСМ.

Како што пишуваат граѓани на социјалните мрежи поради поплави и одрони сообраќајот е целосно во прекин.

Од снимките објавени на приватни профили може да се забележат одрони по патот, но и големи количини вода која носи и камења.

Нема информации кога патот ќе биде вратен во првобитна состојба и сообраќајот нормализиран.

 

видео: Прес24

Back to top button
Close