ВИДЕО: Почнува судењето на руски војник во првиот случај за воени злосторства

Денеска во Киев ќе почне судењето на руски војник за убиство на невооружен украински цивил. Тоа е прво такво судење по почетокот на инвазијата, и прв официјален случај припадник на руската војска да биде кривично гонет за воено злосторство.

Наредникот Вадим Шишимарин е обвинет дека застрелал 62-годишен маж во глава преку отворен прозорец на автомобилот во североисточното село Чупахивка. Тој се соочува со доживотен затвор според казните наведени во делот од украинскиот кривичен законик кој се однесува на законите и обичаите на војната.

Адвокатот на Шишимарин, Виктор Овсијаников, призна дека случајот против неговиот клиент е силен, но рече дека конечната одлука за тоа какви докази ќе дозволи ќе ја донесе судот во Киев. Овсијаников вели дека тој и неговиот клиент сè уште не одлучиле како ќе се изјасни.

Во текот на изминатата недела, Венедиктова, нејзината канцеларија и Службата за безбедност на Украина, и Агенцијата за спроведување на законот во земјата, објавија неколку детали од истрагата за дејствијата на Шишимарин на нивните профили на социјалните мрежи.

На 28 февруари, четири дена откако Русија ја нападна Украина, Шишимарин бил меѓу групата руски војници кои биле поразени од украинските сили, според извештајот на Венедиктова. Русите додека бегале пукале во приватен автомобил и го заплениле возилото. Тие потоа со возило се упатиле до село во регионот Суми на околу 200 милји источно од Киев.

На патот, рече Венедиктова, руските војници виделе човек како оди по тротоарот и зборува на неговиот телефон. На Шишимарин му било наредено да го убие човекот за да не може да ги пријави кај украинските воени власти. Обвинителката не посочи кој ја дал наредбата. Шишимарин пукал со „Калашников“ низ отворениот прозорец и ја удрил жртвата во главата.„Човекот починал на самото место на само неколку десетици метри од неговата куќа“, напиша Венедиктова.

Службата за безбедност на Украина, позната како СБУ, на 4 мај објави кратко видео од Шишимарин како зборува пред камера и накратко опишува како го застрелал човекот. SBU го опиша видеото како „едно од првите признанија на непријателските напаѓачи“. „Ми беше наредено да пукам“, рече Шишимарин, облечен во сина и сива дуксерка со качулка. „Испукав еден шаржер во него. Тој падна. Ние продолживме понатаму“.

Покрај судењето на Шишимарин, 21-годишен член на руска тенковска единица, украинскиотобвинител спроведува и други бројни истраги за наводите дека руските војници убиле, мачеле и малтретирале украински цивили. Канцеларијата на генералниот обвинител Ирина Венедиктова соопшти дека истражува повеќе од 10.700 потенцијални воени злосторства во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени, вклучително и руски војници и владини претставници.

Многу од злосторства излегоа на виделина минатиот месец откако силите на Москва ги завршија напорите да го заземат Киев и се повлекоа од целиот главен град, изложувајќи масовни гробници и улици и дворови преполни со тела во градовите како Буча.

Володимир Јаворскиј, координатор во Центарот за граѓански слободи во Киев, една од најголемите групи за човекови права во Украина, рече дека активистите ќе го следат судењето на рускиот војник за да се осигураат дека неговите законски права се заштитени. Може да биде тешко, рече тој, да се одржи неутралноста на судските постапки за време на војна. Почитувањето на правилата и нормите на судењето „ќе одреди како ќе се постапува со слични случаи во иднина“, рече Јаворски.

Вадим Карасев, независен политички аналитичар од Киев, рече дека е важно украинските власти „да покажат дека воените злосторства ќе бидат решени и одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата во согласност со меѓународните стандарди“.

Back to top button
Close