ВИДЕО: Полицаец со шамар удира момче на Партизанска

Видео во кое полицаец му удира шамар на момче испратија до редакцијата на Телма загрижени граѓани кои биле сведоци на настанот.

Според нивното кажување инцидентот се случил вчера попладне на партизанска во Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но по тоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вебално го напаѓа. Телма праша во внатрешната контрола, од каде потврдуваат дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка, велат од внатрешната контрола.

повеќе

Back to top button
Close