(Видео) Полицијата го однесе обвинетиот Исмаиловиќ во притвор

Пред малку полицијата успеа да го пронајде Агим Исмаиловиќ, обвинет во “Монструм”, по кој се трагаше, по сомнеж дека избегал, дознава “Фокус”.
Откако обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара на Исмаиловиќ да му се одреди притвор, судијата му дозволи да ја напушти судницата до носењето на одлуката, иако обвинителката бараше да биде задржан.
Тогаш се уклучи алармот дека можеби избегал, по што судот даде наредба до МВР да го пронајде. Се појави и информацијата дека Исмаиловиќ не планирал да бега, туку по дозволата на судијата сметал дка може слободно да се движи.
Тој е еден од осомничените за петкратното убиство што се случи во 2012 година кај Смиљковското Езеро. Притвор е одреден и за Фејзи Азири.
Случајот “Монструм” е при крај. Наскоро се очекуваат завршни зборови и пресуда.
Новинарот на тв Клан Фуркан Салиу попладнево објави дека исмаиловицц демантирал дека побегнал и дека во текот на деност сам ке им се предаде на надлезните.
Салиу најави и видео изјава од обвинетиот но оцигледно наместо видео изјава го сними Исмаиловицц како влегува во полициско возило,односно дека е приведен за да оди во притвор како ссто побара обвинителката Фетаи.
Погледнете го видеото тука






