ВИДЕО: Полицијата во Белград снимена како тепа граѓани кои седат на клупа

На социјалните мрежи се споделува видео снимка направена синоќа во Белград а на која се гледа како полицијата тепа граѓани кои седат на клупа.

Policija tuče građane koji sede na klupi. Represija trulog režima.

Boris Malagurski 发布于 2020年7月7日周二

Полицијата во Белград успеа да ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус. Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивил.

За попладнево е закажан нов протест.

Протестот почна со само неколку стотици учесници, и подоцна се собраа илјадници. Дел од демонстрантите влегоа во зградата на Собранието, се случија инциденти и судири со полицијата.

Демонстрантите фрлаа со јајца, камења, пластични шишиња и факели кон полицијата, десетици контејнери беа запалени, а според првите извештаи има и повредени од двете страни.

Откако полицијата доби засилување, ги растера демонстрантите со солзавец пред Собранието, а полициската коњаница и единицата со кучиња беа изнесени на улиците.

Локалните теллевизии во живо на емитуваа од напади врз полицијата, но и бруталност на полицијата во цивилна облека и апсењето и тепањето демонстранти.

Најмалку две полициски возила беа запалени. Откако доби засилување, полицијата ги потисна  демонстрантите од платото пред српскиот Парламент кон околните улици во околу два часот по полноќ.

Протестот почна пред 21 часот кога се собраа неколку стотици демонстранти, на кои им се придружија неколку илјади по повикот на социјалните мрежи, а група демонстранти ја пробија вратата и влегоа во зградата на Парламент.

Пратеникот во српскиот Парламент, Ѓорѓе Вукадиновиќ, рече дека „таква, непотребна, бруталност на полицијата и толку многу солзавец не е регистрирано од 5 октомври 2000 година“ кога режимот на Слободан Милошевиќ беше соборен со протести.

Полицијата доби дополнително засилување околу два часот по полноќ со што успеа да ги растера демонстрантите. Директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, рече утрово дека полицијата ја „контролира ситуацијата“ пред српскиот Парламент.

За првпат во Белград од почетокот на мај ќе биде воведен полициски час, најави Вучиќ. Тој истакна дека „сите болници во (српскиот главен град) се речиси полни. Особено во Белград ситуацијата е критична, бројките (таму) се многу лоши“.

Во Србија вчера беа пријавени 13 смртни случаи од новиот коронавирус – најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Новите заразени се 299 – просекот минатата недела беше  меѓу 250 и 350.

Вкупниот број на потврдени заразени во Србија е 16.719. Од нив 330 починале.

Активните случаи во земјата вчера беа малку под 3.000. Во критична состојба се110 пациенти.

Забраната за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено, стапува на сила денеска во Белград, а полицискиот час од петок до понеделник.

Поради влошената епидемиолошка состојба во Србија, повеќето земји во регионот, вклучувајќи ја и омилената туристичка дестинација на Србите, Грција, им забранија на српските граѓани да влезат на своја територија.

Back to top button
Close