ВИДЕО: Поплави во Србија, прогласена вонредна состојба

Поради обилните врнежи и злевањето на реките во делови од Србија, во Пријепоље и во Сеница, е прогласена вонредна состојва. Поради големите дотоци од Црна Гора се прават дополнителни насипи за да се заштитат загрозените населени места. Припадниците на Одделението за вонредни состојби, „Србијавода“ и општината обезбедуваат места каде се очекува врв на поплавиот бран во текот на денот.

Пороен дожд паѓаше во текот на ноќта на територијата на општините Сеница и Рашка и придонесе за повторно зголемување на водостојот на реките. Се уште е најкритично во населбата Букурешт каде вчера беа поплавени повеќе од 40 куќи.

Поради можно излевање на реката, како и санирање на штетите предизвикани во текот на вчерашниот ден, синоќа дежураа и припадници на итната помош и локални жители.

Се зголемува и водостојот на Ибар во Рашка. Обилниот дожд придонесува за малку отежнати услови за возење, а на места забележлива е поголема количина на вода на коловозите.

Back to top button
Close