(ВИДЕО) Поповски во Политиканти: Ако проевропските граѓани не гласаат, може да се запечатиме со години во една дупка од која нема излез

„Голем е бројот на поддршка за Европа, а малку се покажува на анкетите. За тие проевропски сили е клучни да ги вратат тие гласачи. Не е само тоа што тие ќе изгубат, туку може во одредена ситуација да се запечати за многу години целата таа опција и да отидеме во една дупка од која нема да знаеме како да излеземе, туку ќе копаме уште долу“ предупреди новинарот и аналитичар, Љупчо Поповски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека има околу 20 отсто неопределени гласачи според анкетите, од кои најголемиот дел се разочарани гласачи на СДСМ.

Новинарот кажа дека ВМРО-ДПМНЕ сега е поблиско до почетните позиции на крајната десница откоку до центаот и дека со идеолошката матрица почнува да оди се подесно.

„Според мене ВМРО-ДПМНЕ е поблиску да направи коалиција со Левица отколку со Максим Димитриевски и ЗНАМ. Освен некои крајни вредности на Апасиев, другите вредности им се слични“ рече Поповски.

 

Back to top button
Close