(ВИДЕО) Поради уништување на мостот на Крим, Путин го урна мостот Кличко!

Русија утринава го нападна мостот Кличко во Киев, потврди украинскиот дипломат Олександар Шерба.

„Прекрасниот мост Кличко во Киев беше бомбардиран. Путин, сериозно, ова е твојот одговор за мостот на Крим? Колку си очаен?“ напиша тој на Твитер.

Снимка направена од друг агол покажува дека на мостот имало луѓе. Човекот што поминувал прво бил збунет, а откако ја видел и почувствувал експлозијата, панично почнал да трча.

Серија експлозии утринава одекнаа во главниот украински град Киев. Ова е првиот руски напад на главниот град на Украина по неколку месеци пауза.

Back to top button
Close