Видео) Пратеник од Прилеп е рекордер за патни трошоци: Зијан сум, не сум злоупотребил ниту денар – автомобилот го купив 35 илјади евра сега не можам да го продадам ни 15 илјади евра

Пратеникот Петар Ристески во гостувањето во емисијата „Здраво Македонијо“ зборуваше за обвинувањата од неговите колеги поради патните трошоци кои ги земал во изминатата година.”>

Ристески беше обвинет дека во 2024 година земал 14.300 евра, па многумина го нарекуваат рекордер по исплатени патни трошоци.

„Доаѓам од Прилеп, град кој е најмногу оддалечен од Скопје. Трошам околу 3.000 денари при едно патување до Скопје, а Собранието ми исплаќа околу 4.500 во зависност колку е нафтата. Нема да бегам, ниту да се правдам, затоа што немам злоупотребено ниту еден денар. Возам автомобил кој го купив 35.000 евра, а сега не можам да го продадам ниту за 15.000“, вели Ристески во емисијата.

Секако, патните трошоци се исплаќаат според закон кој веќе е донесен.

facebook
Twitter

Back to top button
Close