(Видео) Проф. Марковиќ: Мицкоски нека му ги полира чевлите на Орбан ако не сака на ЕУ

Претседателот на Владата вели дека остануваа на патот кон што побрза интеграција кон Европската Унија. Но патотот кон Брисел е поплочен со голем број на предизвици, пред се околу реализацијата на уставните измени внесувањето на Бугарите во преамбулата.

Ако во минатото важевме за држава и добивавме квалификации дека сме хибриден режим, заробена држава, дали сме сега држава која полека паѓа во изолација?

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, смета дека квалификациите коишто се добиваат, а тоа претежно се однесува на Фридом хаус – nations in transit, како и извештаите на Европската комисија, многу тешко се менуваат и многу тешко се поправаат.

„Вие за да преминете од фаза на заробена држава барем во хибриден режим, или пак демократија со маани, треба многу време, а за да ја расипете оценката треба буквално една година. Така што борбата за да ја добиеме подобра квалификација траеше многу долго и не успеавме да излезе од категоријата хибридни режими.

Според Марковиќ тоа се должи на фактот дека имаме системски аномалии кои не можеме да ги поправиме и не зависат дали левицата или десницата е на власт.

„Тоа е длабоко вкоренето во однесувањето, во политичката кулура релациите на моќ, на самото општество“, вели Марковиќ и додава дека ЕУ и генерално нашите западни партнери ќе имаат уште малку трпение за нас, барем до локалните избори, за да видат дали ние навистина ќе останеме во овој ќор сокак во кој упаднавме или ќе пробаме некако да ја придвижиме ситуацијата напред.

„Мислам дека сега е еден „лимбо“ период во кој се уште не сме влезени во изолација и не гледам дека кај политичката елита има некоја идеа како да се продолжи напред и како да се излезе од оваа едносмерна улица од која има враќање само по ризик на лични политички кариери, смета професор Марковиќ.

Околу тоа низ каква диоптрија не гледа Брисел, кога на пример премиерот Мицкоски вели дека за нас добро решение би било одложено дејство на уставните промени, ревидирање на францускиот предлог, Марковиќ со став дека од ЕУ воопшто не ги регистрираат ваквите наши обиди да издејствуваме нешто.

„Јас не велам дека тие обиди се лоши или нелогични. Ако некој ја поддржува идејата и смета дека на крајот од овој наш долг процес на евроинтеграција бидат направени тие измени, тоа сум јас, но кога луѓето од кои зависите и ги молите, велат дека тоа нема да се случи и дека нема да ја добиете таа привилегија, тогаш не ви останува ништо друго тку да ја прифатите таа сурова реалност и да барате некаков поинаков пат кон она што сакате да го остварите, без притоа да се занесувате на некој начин, дека, ете тоа што сте го побарале некогаш ќе стане реалност. Факт е дека секогаш кога сме удирале во ѕид во меѓународната политика, внатрешната политичка ентропија ни се менувала на полошо, вели Марковиќ и додава дека тука ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат огромна одговорност да недозволат да западнат во исто она во исто она во кое западна Груевски после 2008-ма, а тоа е една малодушност кај што велиш епа добро, ако веќе не одиме во НАТО, тогаш барем внатре ќе ги заробиме сите процеси и ќе ја тераме државата како некоја „приватна прчија“, која потполно ќе ја заробиме, медиумски, судски, од безбедносен аспект итн.

Околу тоа што Мицкоски го вели „Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некој од политичарите и земјите членки на ЕУ и дека тоа е начинот и вистинскиот пат, простете но јас не сум добар соговорник. Нема никогаш да направиме ниту една отстапка која што ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани“, професор Ненад Марковиќ со прашање – Па зошто тогаш му ги полираме чевлите на Орбан?

„И Орбан е дел од Европската унија и еден од оној кој десницата на Балканот многу го сака, затоа што ете води некоја политика на пркост, а тој е последниот човек кој може било што да ви обезбеди во ЕУ или да ви биде било каков лобиста, со оглед на тоа што пола и повеќе премиери и претседатели членки на Унијата не сакаат ни да се поздрават со него. Така што не ја разбирам аналогијата на полирањето на чевлите кога покажавме една крајно субмисивна политика кон една земја членка на ЕУ“, вели за „Трилинг“ професорот Марковиќ.

Back to top button
Close