(ВИДЕО) Протест во Истанбул против притворањето на опозицискиот лидер
Десетици илјади луѓе се собраа во Истанбул на протест против притворањето на градоначалникот Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Стотици илјади Турци ги послушаа повиците на опозицијата и излегоа на улиците во градовите низ земјата, откако Имамоглу беше приведен минатата недела под обвинение за наводна корупција.
📹📸 Turkiye -CHP is holding a protest & early election rally in Maltepe, Istanbul against Imamoglu’s arrest. Rally led by CHP is attended by Labor Party (EMEP), Turkish Workers’ Party (TİP), People’s Equality and Democracy Party (DEM Party) and Left Party, BTP, Homeland Party pic.twitter.com/f6WkU18c2F
— Mete Sohtaoğlu (@metesohtaoglu) March 29, 2025
Републиканската народна партија (ЦХП) на Имамоглу, најголемата опозициска политичка групација, пишува Ројтерс, заедно со остатокот од опозицијата, групите за човекови права и западните држави, веруваат дека случајот против Имамоглу е од политичка природа, обид да се елиминира изборната закана за Ердоган. Владата го отфрла ова, тврдејќи дека таа не влијае на судството, односно дека судовите се независни.
Десетици илјади демонстранти со турски знамиња и пароли, денеска пристигнаа на брегот во областа Малтепе, на азиската страна на најголемиот турски град. Митингот „Слобода за Имамоглу“ беше организиран од ЦХП.
„Ако правдата молчи, народот ќе проговори“, пишува на еден од транспарентите.
На протестот, како што пренесува турската новинска агенција „Анка“, на присутните во Малтепе со видео подготвено со вештачка интелигенција од затворот во кој се наоѓа во Силиври им се обратил и Екрем Имамоглу.
„Можат мене и нас да не ставаат во затвор и да не судат колку што сакаат. Нацијата покажа дека ќе ги уништи сите замки и завери. Нацијата покажа дека е сопственик на државата. Јас ветив кога тргнав на овој пат дека нема да ги злоупотребам моите права. Нацијата заслужува. Ќе си го одржам зборот, никогаш нема да се повлечам“, рече Имамоглу, пренесува „Анка“.
Имамоглу заблагодарувајќи се на поддржувачите, вели дека со лојалноста кон нацијата и решеноста да и служи ќе има „чест да ја круниса нашата Република со силна демократија“.