ВИДЕО: Први снимки од Батинци: Изрешетан џипот, полицијата врши увид и трага по сторителите
Тв21 објави фотографии и видео од Батиници, од полициски увид на местото на убиството, во кое загина едно лице. На 300 метри од поштата, целосно е отсечено местото каде се случило убиството.
На снимките се гледа изрешетан џип Форд врз кого било пукано, а загина едно лице. Во него пукале лица од возило Мерцедес кои биле маскирани.
Загинатиот е 34-годишник, додека повредениот е негов брат 32-годишник. Полицијата трага по сторителите.