(Видео) Ракетата „Space оne“ експлодира по полетувањето

Ракетата што го носеше сателитот на компанијата „Space one“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија.

Ракетата Каирос долга 18 метри доживеа грешка при лансирање од вселенското пристаниште Кии во Кушимото, префектурата Вакајама, првата комерцијална локација за лансирање во Јапонија.

Недолго потоа беше објавено дека се спроведени „мерки за прекин на летот“, пренесува Kyodo.

На местото на настанот се испратени локални пожарникари, а полицијата соопшти дека засега нема извештаи за жртви.

 

Проектилот експлодирал во воздух околу пет секунди по полетувањето, бидејќи фрагменти за кои се верува дека се од проектилот биле пронајдени расфрлани низ областа, а местото на настанот било покриено со бел чад.

Според прелиминарните извештаи, во експлозијата бил уништен владиниот сателит кој се наоѓал на ракетата.

На местото за набљудување, кое се наоѓа на приближно два километри југозападно од космодромот Кии, избувна паника меѓу собраните по експлозијата, при што некои викаа и плачеа.

Space One, основана во 2018 година, се обидува да ги комерцијализира вселенските услуги со намалување на трошоците и нудење на лансирање ракети со висока фреквенција. Целта на компанијата е да испраќа 30 ракети годишно во вселената до 2030-тите.

Компанијата има за цел кратки времиња на лансирање помалку од една година по потпишувањето договори со клиентите.

Јапонскиот Space One е основан од Canon Electronics Inc., IHI Aerospace Co., Shimizu Corp. и Банката за развој на Јапонија во сопственост на владата.

Плановите за лансирање на првата ракета, првично закажано за најдоцна до крајот на март 2022 година, беа одложени четири пати поради пандемијата и логистичките дефекти

Back to top button
Close