Тројца со дрвени палки нападнале 26-годишен охриѓанец на патот Охрид-Струга
Тројца со дрвени палки физички нападнале 26-годишен жител на Охрид на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга.

Според Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 4 октомври околу 2:45 часот. К.М. од Охрид бил нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки.
По нападот, 26-годишникот бил пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде што му биле констатирани телесни повреди.
Од СВР Охрид преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава






