Мицкоски не знаел за случајот со симнувањето на македонското знаме од врвот на Кораб, па порача: „Треба да има државно знаме на цела територија на државата
Мицкоски не знаел за случајот со симнувањето на македонското знаме од врвот на Кораб, па порача: „Треба да има државно знаме на цела територија на државата“

Премиерот Христијан Мицкоски на прашање за симнувањето на македонското знаме од врвот на Кораб и поставување знаме со двоглав орел првично одговори дека не е упатен во ситуацијата и не знае за што станува збор и побара од новинарите да му објаснат за што станува збор, а потоа посочи дека треба да има државно знаме на цела територија на државата.
„Треба да има државно знаме на цела територија на државата. Тоа не треба да ме прашувате такво прашање“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека станува збор за прашање за кое, според него, не треба да постои дилема.
Тоа е нешто што е јасно и тука не треба да има никаква дилема“, порача премиерот.






