(Видео) Русите во жесток напад на Миколаив убиле милионер и неговата жена

Властите соопштија дека загинале две лица. Оштетени се хотел, спортски комплекс, две училишта, бензинска пумпа и голем број станбени објекти.
Украинскиот портал Киев Индипендент објави дека во бомбардирањето била уништена куќата на Олексеј Вадатурски, тајкун и сопственик на Нибулон, една од најголемите земјоделски компании во Украина. Во нападот загинале Вадатурски (74) и неговата сопруга Раиса. Пред една година неговото нето богатство беше проценето на повеќе од 400 милиони долари.






