(Видео) Руски СУ-30 се урна врз двокатна куќа во Иркутск за време на тренинг лет, пилотите загинаа

Во рускиот град Иркутск руски борбен авион од типот СУ-30 се урна врз двокатна куќа, при што загинаа двајцата пилоти изјави гувернерот на регионот Игор Кобзев.
„Според првичните податоци, авионот паднал врз двокатна куќа на улицата Пржевалски во Иркутск“, објави неговиот канал Телеграм.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека борбениот авион Су-30 се урнал за време на пробен лет.
— Pluton (@Pluton45873221) October 23, 2022






