ВИДЕО: Се бара Сашо Мијалков – ЕБР пред неговиот дом

Полицијата вечерва трага по Сашо Мијалков. Екс директорот на УБК го бараат за да му достават наредба за куќен притвор издадена од Судот. Неофицијално наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во кој тој е осомничен.

Сашо Мијалков го нема во неговиот дом, а пред неговата зграда на Водно, „врие“ од полиција. Тука се и екипи на Единицата за брзо распоредување. Погледнете го видеото на ТВ21.

Мијалков се бара и на повеќе локации низ Скопје, каде што често престојувал.

Засега МВР не се огласува по повод потрагата за екс директорот на УБК.

Back to top button
Close