ВИДЕО: Се рушат дивоградбите во Охрид

Во Охрид продолжува акцијата за отстранување на дивоградбите кои се на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, пренесе Прес24.

Општина Охрид минатата недела почна со уривање на бетонската база во сопственот на бизнисменот Нефи Усеини

Градежната механизација што е испратена на терен е насочена на отстранување на дивоизградените објекти долж езерото во охридската населба Далјан.

Се рушат дивоградби во Охрид

Се рушат дивоградби во Охрид

Press24.mk 发布于 2020年7月14日周二

Во петокот се уриваше и дивоизграената бетонска база за која тој изјави дека сам почнал да ја руши и дека непотребно бил обвинуван.

Општина Охрид пред десетина дена почна со отстранување и на дивоизградените платформи, шанкови и плажи крај Охридското Езеро, акција за која, исто така, најави дека ќе продолжи и покрај времената мерка што ја донесе Уставниот суд во средата за забрана на уривањето.

Back to top button
Close