(ВИДЕО ) Се судрија два авиона на аеромитинг, еден од пилотите загина – тешка несреќа во Португалија
Најмалку едно лице загина во судир на два авиони за време на изведба на воздушна фигура на португалскиот аеромитинг „Беја аер шоу“.
Управата за цивилна заштита констатирала смрт на едно лице, а најмалку едно лице е повредено во оваа несреќа.
Two Yakovlev Yak-52 aircraft of the Spanish-Portuguese Yakstars formation team collided during the Beja Air Show, Portugal.
One aircraft crashed, killing the pilot. pic.twitter.com/4eHdT23mAC— Aviation Safety Network (ASN) (@AviationSafety) June 2, 2024
Како што можете да видите на видеото, несреќата се случила кога еден од авионите во шестчлената екипа со крилото удрил во друг авион, по што се урнал и сето тоа се случило пред шокираните гледачи.
Аеромитингот „Беја“ беше веднаш откажан по падот, а властите работат на собирање повеќе информации за инцидентот.