(ВИДЕО) Се урива дивоизградената бетонска база на Нефи Усеини

Започна да се руши бетонската база која без никаква документација и спротивно на законот, советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ ја изгради на петстотини метри од Охридското Езеро, пренесе а1он.

Поставувањето на базата беше започнато во јуни минатата година, а за неа, нема ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува УНЕСКО статусот на целото подрачје.

Рушењето го прават работници и механизација. Од Општина Охрид засега нема одговор дали тие ги ангажирале механизацијата и работниците на терен. Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година. „А1он“ се обрати и до Усеини за тоа кој ја урива базата која тој ја постави, а тој кажа: „Не знам, немам информација“.

повеќе

Back to top button
Close