(ВИДЕО) : Се запали возило во центарот на Скопје

Во строгиот центар на Скопје се запали возило, а меѓу пголемиот број на граѓани чија фреквенција е голема во овој период од денот беше предизвикана вознемиреност. Возило се запалило на булеварот „ВМРО“, пред стамбениот блок спроти „Македонска пошта“.
Засега нема информации како се запалило возилото и дали има повредени лица.
Командантот на Теиторијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот е изгаснат, а на терен биле испратени две возила и осум пожарникари.
Пожарот е пријавен во ТППЕ во 13:32 часот
Досега инцидентот не е пријавен во министерството за внатрешни работи.






