ВИДЕО: Семејствата на патниците безуспешно се обидуваат да стапат во контакт со агенцијата

Семејствата на туристите коишто патувале преку агенцијата „Беса Транс“, немаат никакви информации од одговорните лица во агенцијата, реагираат роднини на патниците. Како што вели еден од нив, информацијата за трагедијата ја прочитале на социјалните мрежи и од тогаш безуспешно се обидуваат да стапат во контакт со лица од агенцијата.

Како што и претходно информиравме, пред агенцијата „Беса Транс“ близу Старата чаршија, почнаа да се собираат членови на семејствата на туристи кои патувале за Турција.

„Мојот братучед беше во Турција. Вртевме по телефони во Беса Транс, цело време се јавуваме…веќе, 3-4 часа, колку што поминаа, немаме никаква информација, дури и не се јавуваат. Ова мислам дека не е во ред“, вели еден од присутните роднини.

извор: Алсат

видео: 360Степени

Back to top button
Close