(ВИДЕО) Шест проектили ја погодија Одеса, црн чад се шири над градот

Вкупно шест проектили денеска го погодија украинскиот град Одеса, соопшти портпаролката на една од воените единици во Украина, пренесуваат тамошните медиуми.

На социјалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа како густ облак од црн чад се шири насекаде над градот.

Портпаролката Наталија Хуменјук изјави дека четири ракети погодиле фабрика за мебел сместена во станбена населба, додека две други погодиле од претходно оштетена писта.

Таа додала и дека се уште се проверуваат информациите за евентуални повредени лица и жртви.

Портпаролот на регионалната управа на Одеса, Серхиј Братчук, порано денеска рече дека во саботата околу регионот на Одеса биле истрелани четири проектили, но дека нема жртви.

Back to top button
Close