(ВИДЕО) Шоу во Карпош- Јакимовски ја спори дипломата на советничка од ВМРО ДПМНЕ, вели дека роднина и ги полагал испитите

На седницата на Советот на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски, реагираше што советничката од ВМРО-ДПМНЕ Адријана Јакимовски Пачемска за советничката од редовите на ГРОМ Добрила Андновска инаку хирург на скопските клиники, рекла дека е доктор во наводници.

Јакимовски во своето обраќање изнесе детали за образованието на советничката Пачемски, велејќи дека имал информции дека ѝ се помагало да положи одредени испити.

„Колешката Адријана без трунка срам и перде искочи овде и за доктор Добрила Андоновска, значи докажан хирург, во наводници вика доктор. Колешке Адријана, вчера Ваш роднина разговараше со мене и ми кажуваше колку испити ви положил во Штип. Тој ти е роднина, од Крива Паланка ти е роднина. Ти полагал испити, частел полицијаци, тој така вика. Да ти кажам дека твојата диплома е во наводници. Твојата диплома е во наводници, за дипломата на Добрила никој не вика дека е во наводници, ама за твојата, ти полагале испити“ рече Јакимовски.

По ова следуваше реакција на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, но Јакимовски најави и други информации во однос на образованието на советничката Пачемска.

Имам уште да ти кажам за твојата диплома. Нема што да се срамам“ посочи тој.

Back to top button
Close