(ВИДЕО) Силен земјотрес во источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер денеска го погодил источниот дел на Турција, пренесуваат тамошните медиуми.

Според овие податоци, земјотресот бил на длабочина од седум колометри, а граѓаните во страв истрчале на улиците.

Првичните информации биле дека земјотресот е со јачина од 5,6 степени по Рихтер, но потоа тамошните медиуми известија дека станува збор за земјотрес со јачина од 5,2 степени.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Путурга во регионот Малтаја во 5:02 часот по локално време.

Жителите во погодените подрачја за турските медиуми изјавиле дека земјотресот бил доста силен и траел подолго време (околу четири минути), а на некои места се забележани и материјални штети.

 

 

Back to top button
Close