(Видео) Силни експлозии во челичарницата Азовстал

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат повеќе силни експлозии во челичарницата во Мариупол, јави Би-Би-Си.

Снимката е од MVD DNR, медиум за проруските сепаратисти во Народна Република Доњецк.

Би-Би-Си не може независно да го потврди датумот на снименото видео, но се смета дека тоа е направено по 3 мај.

Повеќе од 100 луѓе успеаја да побегнат од Азовстал во изминатите неколку дена, но многумина останаа во комплексот кој хуманитарните спасувачки групи го опишуваат како „пекол.

Back to top button
Close