(ВИДЕО) Силно невреме со град ја погоди Словенија, поплавени се патишта, делови од земјата останаа без струја

Многу силно невреме со обилни врнежи, ветер и град го погодил западот на Словенија. Делови од земјата останале без струја, а вода влегла во некои продавници, јавува 24ур. Невремето потоа се движело кон долината Випава и Горишка. Во Ајдовшчина паднал град со големина на јајце.

Силно невреме претходно го зафатило и крајбрежјето. Поради краткотраен обилен дожд, водата поплавила улици во Изола. Водата навлегла во некои дуќани, а поплавен е и плоштадот „Прешернов“, јавува 24ур.

Back to top button
Close