Видео: Сопственикот на куќата во која лажно бил пријавен Онишченко брутално го нападна снимателот на „ТВ 24“


Еипа на „ТВ 24“ беше нападната пред куќата на улица „Пржино“ број 28Б која, според официјалните документи, е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство со владина одлука.

Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил таа да биде пребивалиште на Онишченко во Скопје, без украинскиот олигарх да стапне таму, најпрво почна со пцовки и погрдни зборови кон снимателот на „ТВ 24“, за потоа да го удира со боксови.

Бруталниот напад е снимен од камерата на телевизијата.

Back to top button
Close