(ВИДЕО) Стевчо Jaкимовски проговори за борбата со ракот: Најголема храброст ми даде д-р Докиќ
Стевчо Јакимовски првпат проговори за битката со ракот во поткастот „Зрак“.
Актуелниот градоначалник на Општина Карпош сподели искрени детали за предизвиците и лекциите од овој тежок период.
„Голем кураж ми даде доктор Докиќ. Ми рече: ‘Стевче, кога ова ќе го извадиш, ти си практично здрав човек’. Морам да кажам дека тоа е голема сила. Не е исто да ти речат: ‘Слушај, ова ќе го вадиш, па потоа ќе имаш хемотерапии, па имаш и други помали метастази, па ќе видиме тие како ќе се развиваат..’. И тоа некако така, многу храброст ми даде“, раскажува Јакимовски во промотивното видео за новата епизода со др Марина.
Во поткастот гостува и д-р Славко Тасевски кој зборува за важноста на раното откривање на болестите и улогата на современата медицина во спасувањето животи.