(ВИДЕО) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти
„Оваа постапка следеше откако врз основа на информации во јавноста, Антикорупциската комисија отвори постапка, а потоа и покрена иницијатива за кривично гонење. Според јавно достапни информации компанијата Пуцко петрол со години наназад набавува различни производи како мазут, нафта, за многу градинки, училишта, болници, како и за различни државни институции.
Според него, овој процес започнува во 2018 година или по неполна година од заедничкото владеење на СДСМ и ДУИ.
„Па така само за еден месец, поточно декември 2018 година, Пуцко петрол добива тендери во вредност од околу 3,2 милиони евра, од кои 2,8 милиони евра е оној за Македонски железници транспорт, претпријатие коешто важи за најдолжно и кое едвај заживува.
Ако само за еден месец во периодот на владеење на Заев и Филипче, Пуцко петрол добива тендери поголеми од три милиони евра можете да замислите колку добивала за една година. И кога на сето ова ќе го додадете податокот дека вредноста на компанијата се зголемува 40 проценти повеќе во 2021 од 2020 година логичен е заклучокот дека компанијата од Пласница добивала работа од најголем дел државни органи со кои раководеле кадри на ДУИ, а одлично и одела соработката и со институциите кои биле под водство на СДС.
Поради ваквото владеење на Заев заедно со Филипче излегуваат на виделина огромни последици по државниот буџет и парите на граѓаните. Дојде време да се одговара за вакви бизниси на грбот на народот“ порача Стојаноски