(ВИДЕО) Таравари: Сите што грешат нека одговараат пред законот!

Не верувам дека враќањето на Груби би било некаков потрес. Коинциденција или случајност е во ист датум 23.02.2021 се врати Мијалков. После пет години на истиот датум се врати Артан Груби. Добро е што се јави во судот и обвинителството и се надевам дека ќе има транспарентен и правичен судски процес“, вели Арбен Таравари одговарајќи на прашањето колку враќањето на Артан Груби би предизвикало политички  потрес во Македонија.

Според него секој којшто згрешил пред законот треба да одговара.

„Не очекувам некакви спектакли. Лошо е кога луѓето бегаат од правдата, а во исто време можно е да излезеш невин. Но ако е виновен треба да одговара и точка“, додава Таравари.

Осврнувајќи се на тоа дали е можен договор помеѓу Артан Груби, ДУИ и актуелната власт, Таравари се дистанцира од тн. конспирации.

„Битно е дека г-дин Груби ќе се појави во судскиот процес, и треба да одговара или да ја докаже својата невиност. Не би сакал да влегувам во конспирации дали е договорено, дали позади неговото доаѓање стојат некои центри на моќ или некои политичари во Македонија. Времето ќе покаже. Јас велам дека добро е што се врати“, вели Таравари.

За Таравари чудно е што после 14 месеци бегство од Македонија, Обвинителството, одреден дел од МВР и АНБ дале извештај дека не е безбеден во затворот и затоа е пуштен во домашен притвор.

Таравари не сака да навлегува, како што вели, во внатрешните случувања во ДУИ.

„Знам дека ние и сега, а и порано многу сме го критикувале Артан Груби за тоа како владееше и се однесуваше во владата 2020-2024-та. Тоа се веќе внатрепартиски превирања и случувања во ДУИ, коишто не би сакал да ги коментирам“, вели Таравари.

Прашан дали после враќањето на Груби ќе настане раскол кај интегративците, Таравари вели дека тоа е отпочнато откако Меџити излезе како фракција.

Но, како што вели, ВЛЕН е неодржлив проект.

„Јас на почетокот верував во тој проект и како АА се приклучивме, и од ЛЕН, стана ВЛЕН. Земавме 107.000 албански гласови, без министри, без вработувања, без директори, без заменици министри. Тоа беше на 8-ми мај 2024 г. Сега со цела поддршка од владата, ВЛЕН на овие избори во советнички листи, земаа 91.000, значи 16.000 гласови помалку од кога бевме во опозиција.

-И ДУИ отиде во опозиција. И тоа е добро за државата, за Албанците, за ДУИ. И на нив им требаше период во опозиција за да се реформираат“, вели Таравари.

Целото интервју погледнете го во видеото.

 

Back to top button
Close