(ВИДЕО) Телма дознава: Кај кои фирми легнале парите од државна помош за исплата на плати од 14.500 денари?

Компании на доскорешни владини функционери, приватни болници, обложувалници, казина, странски инвеститори, приватни училишта и универзитети, медиуми, винарски визби, текстилни фабрики, дури и религиски заедници.

Телма дојде до листата на фирми кои добиле финансиска помош од државата за исплата на априлската плата од 14.500 денари за справување со последиците од Ковид 19.

Државни пари – околу 106.000 евра легнале на сметката на Брако од Велес, каде што се врати поранешниот вицепремир Кочо Анѓушев откако одлучи да се посвети на бизнисот наместо на политиката.

На листата со фирми кои имале големи исплати е и Аџибадем Систина на Орце Камчев која добила 142.000 евра. Меѓу компаниите кои земале по над 100.000 евра се многу обложувалници и казина.

Така Спорт лајф е во првите пет компании кои добиле најмногу пари, дури 183.000 евра. Делта Бет пак добила над 132.000 евра, Сенатор 131.000 евра, а на сметката на Принцес хотел и казино од Гевгелија легнале речиси 120.000 евра.

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола добил нешто под 100.000 евра за исплата на априлските плати.

Пари добила и компанијата Пелистерка, винарската визба Тиквеш, голем дел медиуми, дури и компанијата Дурмо турс за која се води судски процес за несреќата кај Ласкарци. А на листата е и Исламската заедница – Муфтивство Прилеп кај која легнале над 32.000 евра.

Она што е впечатливо е дека најголмиот колач од државните пари завршил кај големите компании- најмногу кај странските инвеститори во зоните.

Прва на листата со речиси 1,2 милиони евра е битолската компанија Ккромберт и Шуберт. А малите бизниси практично како да се изгубиија на владината листа.

Бизнисмените велат компаниите имале многу проблеми и нејснотии во целиот процес.

Директорката на УЈП признава дека има одбиени компании поради најразлични грешки, но бројките ќе ги објават отккао ќе заврши целиот процес.

Според Лукаревска, до сега е одобрена финансика помош од над 28 милиони евра за 21.542 компании, со која се опфатени платите на речиси 126.000 работници.

Back to top button
Close