(ВИДЕО) Трамп го прекина Стармер додека одговараше на новинарско прашање:„Доста е“

За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го прекина говорот на британскиот премиер Кир Стармер, кој во моментов е во дводневна посета на САД. Инцидентот се случи додека Стармер одговараше на прашање за заканите на Трамп да ја направи Канада 51-та американска држава.

Имено, Стармер бил прашан дали е тој или кралот Чарлс III. загрижен за реториката на Трамп кон членката на Комонвелтот на крајот од посетата на Белата куќа која вклучуваше повеќе состаноци на теми како трговијата и војната во Украина. Британскиот лидер рече дека темата за Канада не била спомната за време на тие разговори и се обидел да го истакне историското пријателство меѓу Обединетото Кралство и САД.

„Ја спомнавте Канада. Мислам дека се обидувате да најдете јаз меѓу нас што не постои, ние сме меѓу најблиските нации и имавме одличен разговор денес…“. Трамп потоа нагло го прекина со зборовите „доста е, благодарам“ и повика друг новинар

Back to top button
Close