(Видео) Ужасни снимки од нападот во Шведска: Најмалку десет убиени и 15 повредени


Десет лица се убиени во училиште во централна Шведска, соопшти полицијата. Големата операција се уште е во тек, поради што локалните власти ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа. На терен се бројни полициски сили, а според некои информации пукале и кон полицајците.

Полицијата ја заклучи зградата и ја повика јавноста да се држи настрана. Полицијата соопшти дека истрелите биле испукани од автоматско оружје.

Се верува дека осомничениот сторител е еден од загинатите, соопшти полицијата. Објавена е и снимка од напаѓачот.

Бројот на лица хоспитализирани по пукањето се искачи на шест. Пет од нив се со прострелни рани, од кои четворица се оперирани, додека петтиот и шестиот се сметаат со полесни повреди, се вели во соопштението.

Бројот на лица хоспитализирани по пукањето се искачи на шест. Пет од нив се со прострелни рани, од кои четворица се оперирани, додека петтиот и шестиот се сметаат со полесни повреди, се вели во соопштението.

Ги извадив сите 15 мои ученици во ходникот и почнавме да трчаме. Тогаш слушнав два истрели, но се извлековме. Бевме во близина на влезот на училиштето. Видов како извлекуваат повредени луѓе, прво еден, па уште еден. Тогаш сфатив дека е многу сериозно“, рече учителката

Таткото на осомничениот напаѓач тврди дека не знаел дека неговиот син е поврзан со злосторството. „Не знам ништо за тоа“, рекол тој кога го контактираше шведскиот весник Афтонбладет.

Тој исто така изјавил дека не знаел за голема полициска операција во станот на 35-годишниот во Оребро.

– Ова е толку вознемирувачко. Што се случи? – прашал тој.

Кога Афтонбладет ја пријавил полициската акција и сомневањата против неговиот син, таткото ја отфрлил можноста дека тоа е вистина. „Тоа е невозможно“, рекол тој пред да го заврши разговорот.

Според Афтонбладет, за нападот во училиштето е осомничен 35-годишен маж. Според извештајот на новинарите на SVT Örebro, полицијата била во домот на осомничениот напаѓач во Оребро во 16 часот.

Back to top button
Close