(ВИДЕО) Внимание: За да се променат нештата за LGBTIQ лицата, тие треба да бидат еднакво застапени во сите институции и прифатени онакви какви што се

Екипата на „Внимание“ во пресрет на парадата на гордоста, која е најавена за 22 јуни ги праша граѓаните што мислат за парадата под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, и за LGBTIQ лицата.

Граѓаните сметаат дека сексуалните малцинства не се доволно заштитени од државата и останатите граѓани како и другите граѓани, во случаи на дискриминација и насилство.

На прашањето што треба да се промени, младите за Внимание предлагаат: „Треба да бидат еднакво застапени и во сите институции, треба да можат да стапат во нормална, законски признаена врска, и треба нели, нормално да бидат прифатени, како и секој човек“, „Да се прифатат онакви какви што се, да биде легално склучување на бракови…, како во Германија, на пример…“, велат граѓаните.

Во однос на тоа дали би се приклучите на маршот за петата парада на гордоста, дел од младите со кои разговараше екипата на Внимание одговорија ДА, а дел со НЕ. Но, сепак немаат ништо против нејзиното одржување.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

Back to top button
Close