ВИДЕО: Во Охрид сепак капачи за Водици

И покрај тоа што оваа година за прв пат по триесет години, поради пандемијата на Ковид-19, немаше организирано фрлање на крстот во водите на Охридското Езеро, сепак група капачи влегоа во водите на езерото.

Како што извести Охрид1, прв во езерото со крстот во рака влезе Никола Чорбе, кој го фатил крстот кој се фрлал во црковен казан во Варош. По него во езерото влегоа и други.

Капачите ја пееја песната Во Јордание.

Инаку, околностите наметнати од епидемијата на Ковид-19 ги натераа црквата и цивилните власти да ја откажат манифестацијата, односно таа да се спроведува во строго контролирани околности и без помасовно присуство.

И од Дебарско-кичевската епархија и од Општина Охрид со повици до верниците да се воздржат од масовни групирања.

Back to top button
Close