Видео: Вооружен напад во Вашингтон: Oтворил оган на погребот на млад човек кој неодамна беше убиен во престрелка

Едно лице загина, а три други се повредени откако вооружен маж отвори оган од огнено оружје во Вашингтон по богослужба за 24-годишен маж кој и самиот беше убиен во пукање минатиот месец.
Пукањето се случило пред погребалното претпријатие, веднаш по богослужбата за 24-годишниот Стефон Ламонт Керол. Додека ожалостените ја напуштале погребалната куќа околу 12:часот по локално време , напаѓачот отворил оган. Тој побегнал со возило и во моментов се наожа во бегство.

Полицијата соопшти дека лицето кое требало да биде погребано л исто така бил убиен како резултат на вооруженото насилство. Останува нејасно што го мотивирало пукањето на неговиот погреб денеска, а началникот на полицијата не соопшти повеќе детали за тоа како Керол починал на 24 март.
„Лицето што беше погребано беше жртва на убиство на крајот на март, па на барање на семејството дополнително ќе го прошириме присуството на полицијата во погребниот простор. Како последица на насилството, нивниот близок починал. Некој реши да не го почитува семејството на ова ниво и да го изврши овој бесмислен чин на насилство на погребот на ова дете“, рече началникот на полицијата.
Семејството побарало присуство на полиција на погребот бидејќи се плашеле и очекувале вооружен инцидентот.
BREAKING: Another Mass Shooting.
At least 3 people shot outside of the Stewart Funeral Home in Washington DC on the 4000 block of Benning Road Northeast. Minnesota Avenue NE East & West is also CLOSED. No word if the shooter has been apprehended.
Details are coming in. We… pic.twitter.com/XEdTUe8Udo
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) April 11, 2023






