(ВИДЕО) Вработен во Град Скопје пцуе граѓани, Шилегов се извинува поради вербалните напади

Вработен во една од бараките на Град Скопје, каде што се плаќа данок за имот, на дрзок начин, со гласно викање и без никаква почит им се обраќал на граѓани кои чекале ред. Од објавената снимка се гледа како тој ѝ вика на повозрасна жена која чекала ред и поставила прашање, а такво однесување имал и кон останатите кои биле пред бараката, објави А1он.

Вработен во една од бараките на Град Скопје, каде што се плаќа данок за имот, на дрзок начин, со гласно викање и без никаква почит им се обраќал на граѓани кои чекале ред. Од објавената снимка се гледа како тој ѝ вика на повозрасна жена која чекала ред и поставила прашање, а такво однесување имал и кон останатите кои биле пред бараката.

Според сведочењето на граѓанин кој бил присутен пред Град Скопје, вработениот кој воведувал ред упатил и пцости кон девојка, на која ѝ рекол: „Земи извини ми се ма сељанко една“. За ваквиот инцидент, градоначалникот Петре Шилегов најави дека ќе се спроведе дисциплинска постапка против вработениот. Граѓанинот кој го објави дрското однесување вели дека граѓаните го чекале вработениот еден час пред бараката на Град Скопје, бидејќи, според неговите кажувања, тој доцнел на работа.

„Вработениот доцнeше на работа и не разбира дека тие надвор кои ги навредува му даваат плата….Потоа се префрли на кутра постара жена со бастун што не догледуваше и не дослушуваше, за дрско да ѝ вика. Поминаа неколку минути, па на истата девојка која претходно ја навреди, која на излегување се сврте, ѝ рече ‘земи извини ми се ма сељанко една’, по што ѝ упати неколку пцости. Девојката си замина со солзи во очите“, пишува Дукица Петров на „Фејсбук“.

Градоначалникот Шилегов најави формирање дисциплинска комисија, која ќе треба да утврди одговорност кај вработениот кој ги навредувал граѓаните кои чекале пред бараката.

„Во мое лично име, но и како градоначалник на Скопје, се извинувам на граѓаните и кон госпоѓата која беше вербално нападната. Не постои оправдување за таков однос кон граѓаните“, вели Шилегов.

Back to top button
Close