(ВИДЕО)Заев: Нема да дозволиме причини за нови одлагања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев одржа прес-конференција за медиумите откако денеска имаше онлајн состаноци со челниците на ЕУ.

Првата меѓувладина онлајн конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион, истакна премиерот Зоран Заев.

Изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија, рече Заев, ќе се формализира и со освојување на рамката на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

– Одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот и ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан како гео-стратешки интерес на Европската унија, потенцираше премиерот Заев.

ЕУ е силно определна ништо да не го попречи процесот на проширувањето, потенцираше  премиерот Заев.

-Заклучивме дека е вложено многу од двете страни, остварено е многу и сме подготвени да ја исполниме нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, затоа што членството во ЕУ е наша свечена обврска во име на иднината на државата и граѓаните. Нашата земја останува посветена на негување на добрососедските односи, со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договорот на пријателство и добрососедство со Бугарија, кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширувањето на Европската унија со земјите од регионот- рече Заев.

Back to top button
Close