(ВИДЕО) Заев по успешните избори: Штипјани го казнија раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Сашко Николов е новиот градоначалник. Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако социјалдемократите прогласија победа на предвремените избори во Штип.
Заев испрати порака дека со денешните успешни избори штипјани го казниле раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на Штип испратија порака и до бојкотирачот кој повторно избега од својот народ, граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кажаа ’да‘ за грижата, одговорноста и стабилноста, а ’не‘ за блокадите, бојкотот, лаги стравови и хистерии, рече Заев.
Тој ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а најважно од сè, рече, безбедни.
„Победи Штип и желбата да продолжи развојот и напредокот на градот. Довербата многу значи и ќе ја оправдаме, рече Заев.
На прес-конференцијата се обрати и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој исто така порача дека градот ќе продолжи по европскиот пат, кој претходно го зацртал ексградоначалникот Благој Бочварски. Истокот, рече Николовски, станува бастион на СДСМ.






