(ВИДЕО) Запален автомобил, зафатил и околни на паркинг во Ново Лисиче
Сирени на Противпожарна бригада ги разбуди жителите на Ново Лисиче, во близина на булевар „Србија“, пренесе Скопје1.
Автомобил се запали, а пожарот се прошири и на соседни возила. Брзата реакција на пожарникарите, спречи поголема катастрофа, бидејќи запалениот автомобил се наоѓа на паркинг на кои има и десетици други возила, паркирани едно до друго.
Причините за пожарот, како и дали е подметнат – не се познати. На местото дојде и полиција која прави увид, по што, ќе излезат со детали.